Грејни тела и подно греење

Emmeti Silence Thin вентилоконвектори

Emmeti Silence Thin вентилоконвекторите се последниот збор на техниката кога се работи за единствено тело за ладење и греење. Опремени со врвна технологија (Inverter DC мотор, електричен 3крак вентил, терморегулатор итн) овозможуваат дури и 50% потивок режим на работа во споредба со други од неговата класа. Деликатниот и балансиран дизајн како и намалената ширина (само 13 cm) го совпаѓа со секоја околина и го прави интегрален дел од мебелот.

Идеално компатибилен со топлинска пумпа Emmeti Mirai за греење и ладење.


Подно греење

Површинското греење представува последна алка во енергетскоефикасното машинство во објектот. Ниската температура на работа (23 C° на подот) спречува движење на прашината во просторот и со тоа и карактеристичните црни флеки по зидовите ги анулира. Рамномерната дистрибуција на топлина врз целиот простор дава единствено чувство на комфор.

Emmeti компанијата доставува комплетен асортиман за поставување ваков тип на греење кои се меѓусебно компатибилни на кој начин се опфаќаат сите сегменти за квалитетно поставување.

Перфектно во комбинација со топлинска пумпа како извор на топлина и соларен систем за загревање на простор и топла вода. Комбинирани на овој начин се добива посакуваниот висок коефициент на искористување на топлинската пумпа како и ефикасно користење на сончевата енергија.


Контролер за системи за греење Resol Deltatherm HC

Комплетна контрола и управување на цел систем за греење (и загревање топла санитарна вода преку системот за греење) со функции како :

- модуларна контрола врз котел 0-10 V

- weather-compensated контрола на греењето со влијание и на внатрешен собен термостат (можност на приклучување до 5 собни температурни сензори и контрола во секоја соба)

- приоритетна функција за загревање на топла санитарна вода

- контрола на рециркулација на топла санитарна вода

- можност за поврзување на интернет и управување преку Resol VBus®Touch HC App

Симни брошура