Уреди за сепарирање и дегасирање

REFLEX - Ex Void T - автоматски обезвоздушувачки вентил

Се поставува на највисоките точки од инсталацијата , служи за одстранување на слободниот воздух при полнење на инсталацијата со притисок.

Гасовите се собираат во предимензионирата комора , што предизвукува нивото на течноста да падне , предизвикувајќи да падне и пловката која го отвара вентилот за обезвоздушување. Пловката е заштитена од влез од нечистотии , што прави овој вентил да е посебно сигурен од протекување и при најтешки услови за работа.

  • Приклучок : ½ цол , вертикална изведба
  • посебен модел за соларни системи – 180 C и 10 bar


REFLEX – Ex Void micro-bubble сепаратор

Oвој воздушен сепаратор има функција да одстрани внатрешни меури на воздух од флуидот во системот.  Со нивно одстранување , внатрешната корозија практично е превентирана , а скапите системски делови како чилери , топлоизменувачи , фрекфенти пумпи се заштитени а нивниот животен век продолжен.

Механичкото одстранување на овие меурчиња се прави во специјално дизајнирана мрежеста решетка која е поставена во коморачиј пресек е поголем од приклучоците.  На овој начин брзината на флуидот се намалува , а меурчињата се принудени да се движат во својата природна насока – нагоре. Преку автоматскиот вентил ,поставен на врвот , целиот собран воздух се одстранува.

  • Димензии :  DN20 – DN300
  • Приклучоци на навој , фланша и заварување
  • Минимален и занемарлив пад на притисок
  • Предфабрикувана изолација за моделите до 2 цола – REFLEX EXISO
  • Специјални модели за високи системски брзини,притисоци и температури.


REFLEX – Ex Dirt - сепаратор на внатрешна нечистотија

Кородирањето на внатрешноста од системот предизвкува појава на шлајм,нечистотија и магнетитни честички.  Сепараторот за нечистотија служи за ефикасно одстранување на истите преку принцип сличен на micro-bubble сепараторот , со тоа што нечистотијата по сила на гравитација (или магнетот)   паѓа надоле.  Со отворање на вентилчето поставено во долна зона, се исфрла насобраната нечистотија, а прочистениот флуид продолжува  да циркулира во инсталацијата.

  • Димензии : DN20 – DN300
  • Приклучоци на навој , фланша и заварување
  • Минимален и занемарлив пад на притисок
  • Модели без и со магнет
  • Одстранување на нечистотијата само трае неколку секунди
  • Нема потреба од специјален бајпас или гасење на системот за одстранување на нечистотијата

 

Youtube link  REFLEX EX VOID , EX DIRT принцип на функционирање 


Reflex - Servitec Mini - машина за вакуумско дегасирање

Servitec серијата нуди заштита од проблеми кои се појавуваат при присутност на воздух во големи инсталации – преку активно дегасирање дури и на растворениот воздух во системот.

За да се оствари тоа, Servitec одзема мало количество на флуид од системот (чекор 1) , со помош на вакуум пумпа флуидот се дегасира (чекор 2) , и така обезвоздушен и дегасиран , флуидот се враќа назад во инсталацијата. (чекор 3)  Процесот се повторува се додека флуидот е целосно дегасиран.

  • Max работен притисок  - 4 bar
  • Max работна температура - 60 C
  • Идеален за мали згради и куќи
  • Можност за изнајмување на одреден период , дегасирање на систем и демонтирање ,без потреба од купување на машината
  • Димензии : 220 х 295 х 425 мм

 

Servitec – принцип на функционирање

Симни брошура


Reflex - Servitec 35/60/75/95 - машина за вакуумско дегасирање

Servitec серијата нуди заштита од проблеми кои се појавуваат при присутност на воздух во големи инсталации – преку активно дегасирање дури и на растворениот воздух во системот.

За да се оствари тоа, Servitec одзема мало количество на флуид од системот (чекор 1) , со помош на вакуум пумпа флуидот се дегасира (чекор 2) , и така обезвоздушен и дегасиран , флуидот се враќа назад во инсталацијата. (чекор 3)  Процесот се повторува се додека флуидот е целосно дегасиран.

  • Голем дијапазон на работен притисок и температура
  • Погоден дури и за високи згради (до 7,2 bar)  и системи до 220 м3
  • Елиминира до 90% растворени гасови во флуидот

 

Servitec – принцип на функционирање

Симни брошура


ЦЕЛОСЕН КАТАЛОГ – СИСТЕМИ ЗА СЕПАРИРАЊЕ И ДЕГАСИРАЊЕ