За нас

Етерна Солар дооел е формирана 1994та година од страна на , сега покоен, м-р Златко Чулев, како фамилијарна компанија специјализирана за проектирање,продажба и изведба на соларно-термални системи и системи за греење за индустрија и домаќинства.

Во текот на своето работење се развива во една од посериозните фирми во својата област изведувајќи огромен број објекти во Македонија и Косово . Континуирано воведување нови технологии и пратење светски трендови ја прави Етерна Солар поставувач на стандарди во монтирачката дејност. Како материали избираме исклучиво врвна технологија од европски производители докажани во својата област : RESOL ; EMMETI ; CORDIVARI ; WILO ; HPA AG; EUROTIS ; MONTAIR etc...

Нашите инженери и мајстори се обучуваат редовно во фабриките на нашите добавувачи ,изучувајќи и специлизирајќи нови техники при изведбата со една цел : професионализам во проектирање и монтажа.

 

МИСИЈА

Наш печат е внимателната грижа за нашите клиенти ,пратејќи ја изведбата од проектирање па се до сервисирање, стоејќи зад добро познатата 7 ГОДИШНА ГАРАНЦИЈА на изведен објект, секогаш нудејќи додадена вредност за нашиот клиент.

 

ВИЗИЈА 

Континуиран развој и раст во работењето , вработување на врвни инженери и мајстори во областа , стекнување знаење за извршување на најкомплицираните инженерски подфати со задржување на квалитетот и грижата кон крајните корисници.