Соларни колектори

FK8203 бакарен панелен соларен колектор

Нашиот адут FK8203 високотемпературен бакарен панелен соларен колектор (made in Austria) со беспрекорен дизајн , ефикасност n0 од неверојатни 81,4 %.  ,соларно калено стакло и високоселективна AlCu прекривка , го вбројува во најквалитетните на пазарот  и тоа број 1 во однос квалитет/цена . Фабричка гаранција од 10 години.

Технички карактеристики и каталог симни тука:

Симни брошура


Emmeti SXTV панелен сончев колектор

Emmeti SXTV е панелен сончев колектор во форма на када со димензии  2356 x 1081x 100  е нашиот најекслузивен колектор.  Соларно калено стакло, изолација по вакуумска постапка и висока температура во стагнација  (234 C °)  ги исполнуваат и највисоките критериуми во термалното машинство.


Вакуумски колектор – Camel Solar

Вакуумски колектор од домашно производство – Camel Solar е извонреден избор за апликации каде е потребна повисока температура на користење (индустриски процеси, загревање на простор и сл.) Се произведува во 2 големини, со 10 и 15 цевки и абсорбер изработен по U принцип на бакарните цевки ,високопресувана камена волна како изолација обвиткан со кутија од нерѓосувачки челик. Ниската цена на чинење на овој колектор го прави најинтересен во класата на вакуумски колектори.