Соларен систем за топла вода и поддршка на греење

Соларен систем за топла вода и поддршка на греење (плус загревање базен)

(@1)

Освен за топла санитарна вода во текот на целата година, топлинската енергија од соларните колектори може да допринесе во грејниот систем во зимскиот период . Вишокот топлина што ќе се појави во летниот и преодниот период,се користи за загревање на базен.Овој систем представува најнапреден и најефикасен начин на користење на соларната термална енергија ,

 

При оптимални услови, доприносот во греењето од соларните колектори може да биде и до 30%. За да се постигне оваа бројка, потребни се неколку услови:

-          Нискотемпературно греење на домот (подно,зидно или плафонско греење)

-          Комплетна термичка изолација на објектот

 

Енергијата од соларните колектори се зачувува во таканаречен бафер резервоар на топлина , која подоцна се користи за греење.Наместо дополнителен бојлер за санитарна вода, бафер резервоарот може да биде комбиниран, и да содржи и специјална hygienic иноксна цевка , во чија внатрешност проаѓа санитарната вода која се загрева секундарно .

(@2)

Најголем придонес на соларната енергија во системот за греење ќе се примети во преодниот период (октомври –ноември / март-април) .  Секој вишок на топлинска енергија во летниот период, се препорачува да се пренасочи кон пливачки базен .На овој начин добиваме висока ефикасност преку целата година и разумна смисла за повраток на инвестираните средства за овој соларен систем.