Контролери за солар и греење

RESOL – Deltasol SLL контролер за соларни системи

Представник на новата генерација соларни контролери од RESOL каде е потребна покомплексна автоматизација на соларниот систем (обично во комбинација со котел или топлинска пумпа или доколку постои повеќе од 1 резервоар на топлина или бојлер ) за санитарна топла вода.

Има можност да прими 3 различни типа на температурни сензори : Pt1000, Pt500 и KTY тип , како и 3 излеза меѓу кои 2 се PWM , наменети за високоефикасни фрекфентни пумпи.

Можност за поврзување и управување преку RESOL мобилна апликација.

http://www.resol.de

Симни брошура


RESOL - Deltatherm HC контролер за системи за греење

Комплетна контрола и управување на цел систем за греење (и загревање топла санитарна вода преку системот за греење) со 8 влезни сензори  и 2 влезни Grundfos direct sensors ,  како и 2 PWM излези , 4 полуспроводнички релиња , 1 безнапонско реле.

  • модуларна контрола врз котел 0-10 V
  • weather-compensated контрола на греењето (до 2 посебни пумпи или трокраки вентили)  со влијание и на внатрешен собен термостат (можност на приклучување до 5 собни температурни сензори и контрола во секоја соба)
  • приоритетна функција за загревање на топла санитарна вода
  • контрола на рециркулација на топла санитарна вода
  • можност за поврзување на интернет и управување преку Resol VBus®Touch HC App

http://www.resol.de

Симни брошура


RESOL – KM2 модул за комуникација

Економично решение за поврзување на Вашиот контролер за солар/греење со интернет. Порталот за визуелизација VBus овозможува лесен и сигурен увид до состојбата на системот , со опција за праќање извештај преку e-mail. Управување на контролерот преку интернет е овозможено преку софтверот за управување  Resol RPT.

  • Брза и лесна инсталацијa
  • Ги поддржува сите Resol контролери со опција за VBus
  • WLAN поддршка

 http://www.resol.de

Симни брошура


Симни целосно портфолио на RESOL