Се поставува на највисоките точки од инсталацијата , служи за одстранување на слободниот воздух при полнење на инсталацијата со притисок.
Гасовите се собираат во предимензионирата комора , што предизвукува нивото на течноста да падне , предизвикувајќи да падне и пловката која го отвара вентилот за обезвоздушување. Пловката е заштитена од влез од нечистотии , што прави овој вентил да е посебно сигурен од протекување и при најтешки услови за работа.
Oвој воздушен сепаратор има функција да одстрани внатрешни меури на воздух од флуидот во системот. Со нивно одстранување , внатрешната корозија практично е превентирана , а скапите системски делови како чилери , топлоизменувачи , фрекфенти пумпи се заштитени а нивниот животен век продолжен.
Механичкото одстранување на овие меурчиња се прави во специјално дизајнирана мрежеста решетка која е поставена во коморачиј пресек е поголем од приклучоците. На овој начин брзината на флуидот се намалува , а меурчињата се принудени да се движат во својата природна насока – нагоре. Преку автоматскиот вентил ,поставен на врвот , целиот собран воздух се одстранува.
Кородирањето на внатрешноста од системот предизвкува појава на шлајм,нечистотија и магнетитни честички. Сепараторот за нечистотија служи за ефикасно одстранување на истите преку принцип сличен на micro-bubble сепараторот , со тоа што нечистотијата по сила на гравитација (или магнетот) паѓа надоле. Со отворање на вентилчето поставено во долна зона, се исфрла насобраната нечистотија, а прочистениот флуид продолжува да циркулира во инсталацијата.
Youtube link REFLEX EX VOID , EX DIRT принцип на функционирање
Servitec серијата нуди заштита од проблеми кои се појавуваат при присутност на воздух во големи инсталации – преку активно дегасирање дури и на растворениот воздух во системот.
За да се оствари тоа, Servitec одзема мало количество на флуид од системот (чекор 1) , со помош на вакуум пумпа флуидот се дегасира (чекор 2) , и така обезвоздушен и дегасиран , флуидот се враќа назад во инсталацијата. (чекор 3) Процесот се повторува се додека флуидот е целосно дегасиран.
Servitec – принцип на функционирање